ПОВЕЌЕ

    Нетрговски трансферирани 4.668 акции, 1.800 на УНИ банка

    Време зa читање: 2 минути

    Раздвиженост во доменот на нетрговските трансфери е забележана минатата недела. Предмет на пренос биле 4.668 обични акции издадени од десет компании и две банки. Ударен е првиот работен ден, кога се подарени, наследени или поради друга причина отстапени 2.392 хартии од вредност.

    Најголем број акции се на УНИ банка – 1.800, трансферирани во еден потег, исто така во понеделникот.

    Акциите на „Алкалоид“, вкупно 704, се пренесувани во три последователни денови 132 – 300 – 272. Во два наврати, пак, прво 600, па 357, се трансферирани 957 обични акции на „Македонски телеком“.

    Гледано по денови, и во средата оваа активност била поинтензивна, а низ процесот на нетрговскиот трасфер минале вкупно 1.358 акции. „Најлабаво“ било во петокот со еден пренос на десет обични акции од „Макпетрол“.

    По бројност, редоследот од горе надолу е – пренесени се на овој начин 430 акции со знакот на Комерцијална банка, 243 на скопски „Гранит“, 176 на Оранжерии Хамзали АД Струмица и 161 обична акција на „Жито Лукс“.

    Понатаму, според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност  што ги објавува Македонска берза, во извршените нетрговски трансфери се бележат двоцифрени бројки: Кланица со ладилник АД Струмица – 67 обични акции, исто толку и на „Жито Караорман“ од Кичево, па 23 на скопски „Фершпед“, 20 на „Реплек“ и 10 на „Окта“.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично