Солидна активност кај нетрговските трансфери на акции на котирани друштва е забележана минатата недела. Од пет работни дена, преноси имало во текот на четири, а на овој начин променета е сопственоста на 4.542 акции, од кои 25 се приоритени. Издадени се од 12 компании и две банки.
Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност што ги објавува Македонска берза, темпото по денови било понеделник 196 акции, среда 55, четврток 952 и 2.136 акции во петокот.
Меѓу нив најбројни се акциите на Хотели „Метропол“ АД Охрид, подарени се, наследени или пренесени за друга намена 951 обична акција.
Гледано според бројноста, следат 656 обични акции на „Гранит“, 496 на „Макстил“, 431 на „АрцелорМиттал“ (ХРМ), 182 на РЖ „Услуги“ и 172 на скопски „Алкалоид“.
Во два наврати се трансферирани вкупно 303 обични акции со знакот на РЖ „Техничка контрола“, прво четири, а потоа 299. Исто и 34 акции на „Уготур“, првиот пат 10 и вториот уште 24. Слично е и со 32 акции на РЖ „Интер-Трансшпед“ – 10 плус 22.
Меѓу хартиите од вредност кои минале низ процесот на нетрговскиот трансфер се и оние на РЖ „Економика“ – 21 обична акција, пет на „Фершпед“, а една обична акција е на „Макпетрол“.
Сопственоста е пренесена и кај 30 обични на Комерцијална банка и кај 25 приоритетни акции на Стопанска банка Скопје.