ПОВЕЌЕ

    Нетрговски трансферирани 4.163 акции, најбројни на АрцелорМиттал

    Време зa читање: 2 минути

    Акции се подарувале секојдневно во текот на минатата работна недела. Вкупно 4.163 издадени од 12 друштва. Најголемиот дел од нив или 2.002, биле процесурани во понеделникот. Сите акции се обични.

    Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност забележала дека на трипати бил вршен пренос на акции од три компании.

    Најбројни се акциите – вкупно 1.810, на АрцелорМиттал (ХРМ), а трансферирани се: 1.400 во понеделник и по 205 во вторник и четврток. Друштвото е долгорочно суспендирано од котација, но според берзанските податоци, просечната цена на акција е два денари, а последното тргување е со датум од 25 декември 2025 година.

    Во три наврати, прво 582, па 40 и на крајот 196, се реализирани нетрговските трансфери со акциите на Комерцијална банка. Просечната цена за акција, произлезена по петочното тргување, е 28.353,68 денари.

    Вкупно 203 акции на Алкалоид добиле нов сопственик по пат на нетрговски пренос: 10 во понеделникот, 155 во вторник и 38 обични акции минатата среда. Нивната просечна цена е 25.463,69 денари, а последното берзанско тргување е регистрирано на 6 февруари.

    Акции на четири друштва што котираат на Македонска берза се трансферирани во текот на два дена, во вторник и во четврток. Сопственоста е сменета кај вкупно 633 акции на Либерти АД Скопје (317 + 316); кај 210 на Фруктал МАК (на двапати по 105); кај 21 на РЖ Интер-Трансшпед (11 + 10); и кај 20 обични акции на РЖ Економика (10 + 10).

    Евидентирани се и 195 акции на ГТЦ АД Скопје, како и 170 на Раде Кончар- Апаратна техника. Исто така, минатата седмица нетрговска промена е направена кај 50 обични акции со знакот на Макпетрол и кај 10 обични акции издадени од Гранит.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично