Со 1.621 акција минаа минатонеделните нетрговски трансфери. Бројка којашто би била дневна во седмиците кога на големо се подаруваат хартии од вредност. Според последната статистика, состојбата е „извадена“ минатиот четврток, кога овој процес го минале 955 акции.
Понеделнички, мразот е скршен со 279 акции на „Македонски Телеком“, покажуваат податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност што се објавуваат на Македонска берза. А, како последен пренос е забележан тој со акциите на „Макошпед“, 619 на број.
На двапати се изведен нетрговски трансфери со обичните акции издадени од две компании. На „Аутомакедонија“ АД Скопје, вкупно 22 – прво 13, потоа уште девет акции. Како и на „Фустеларко Борец“ АД Битола – 117, па 236, или сѐ на сѐ 353 обични акции.
На прагот од 100 се подарените или наследени хартии од вредност на ТТК Банка. А над тоа се на „Алкалоид“, 180 обични акции.
Во минатонеделната статистика се заведени и нетрговските преноси на 42 акции на „Пелистерка“ и 13 на „Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп“.
Петок е единствениот ден во кој немало ниеден трансфер.