За 1.255 акции што минатата недела минале низ нетрговските трансфери известува Централниот депозитар за хартии од вредност: 1.055 обични и 200 приоритетни. Издадени се од три компании и од три банки. Во овие скромни по број преноси се издвојуваат акциите на „Гранит“, кои се транферирани во два наврати, исто како и хартиите од вредност на Комерцијална и на НЛБ банка.
Трансферите се реализирани во три работни денови. Најраздвижено било во понеделникот со 586 акции, покажуваат податоците објавни на Македонска берза.
Тој ден е извршен пренос на сопственоста на 350 обични акции од „Гранит“, а во четвртокот на уште 393. Вкупно 743 обични акции.
Во истите денови се забележани и трансферите со акциите на Комерцијална банка. Се работи за 32 акции. Прво во процесот влегле 14, па потоа уште 18.
Подарени се 47 хартии од вредност на НЛБ банка: 32 на почетокот и 15 на срединатa од работната седмица.
Обичните акции на „Македонски телеком“, кои се редовни во нетрговските трансфери, во минатонеделната статистика се 190 на број. А, забележани се и 43 обични акции на „Окта“.
Меѓу сите обични, регистрирани се и 200 приоритетни акции, издадени од Стопанска банка АД Скопје.