Во скратената работна недела 3.850 акции од 15 компании патот до новите сопственици го минале преку нетрговски трансфери. Ударни денови за оваа активност биле вторникот со 1.696 и четвртокот со 1.627 акции, при што има преклопување во преносот на хартиите од вредност издадени од седум компании. Сите се обични акции.
„Либерти“ е компанијата чии акции, вкупно 1.427, се најбројни во нетрговските трансфери. Пренос е извршен на двапати, 640 во вторник и 787 акции во четврток.
Во текот на тие два работни дена трансферирани се и 856 акции на „АрцелорМиттал“ (ХРМ) – 384 и 472; на „Гранит“ – 250 и 131; на РЖ „Услуги“ – 162 и 200; на „Уготур“ 21 и 26; на РЖ „Интер-Трансшпед“ – 20 и 24; на РЖ „Економика“ – 19 и 23; како и на РЖ „Техничка контрола“ – 8 и 10 акции.
Податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, објавени на Македонска берза, покажуваат дека предмет на нетрговски трансфер биле и 442 обични акции издадени од „Макстил“. Понатаму, акции на винарската визба „Тиквеш“ – 68 на број, па на битолски „Транскоп“ – 53, Цементарница „Усје“ – 50, „Дебарски бањи Цапа“ – 31, ГД „Тиквеш“ – 25 и на „Алкалоид“ четири обични акции.