ПОВЕЌЕ

    Нетрговски пренесена сопственоста на 2.148 обични акции

    Време зa читање: 2 минути

    Во изминатата скратена работна седмица нетрговските трансфер на акции на котирани друштва почнаа да се враќаат во претпразничната форма. За четири дена, на овој начин е пренесена сопственоста кај 2.148 обични акции издадени од десет компании и две банки. Најголемиот дел од нив – 1.376, биле предмет на пренос во четвртокот.

    На вториот ден од почетокот на годинава, во вторникот, оваа активност започнува со трансфер на вкупно 419 акции. Сите се обични, од кои 204 на „Алкалоид“, 190 на Стопанска банка АД Скопје и 25 на „Макпетрол“.

    Наредниот ден е во знакот на струмичките „Оранжерии Хамзали“ и „Кланица со ладилник“. Се работи за 241 акција на првата и 91 на втората компанија, или за вкупно 332 обични акции.

    Податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност што ги објавува Македонска берза покажуваат дека пикот бил во четвртокот. Во текот на тој ден низ нетрговски трансфер минале 1.376 обични акции од шест компании и една банка. Листата ја предводат акциите на „Либерти“ – 778 на број. Следат акциите на „АрцелорМиттал (ХРМ)“ АД Скопје – 467. По втор пат е извршен пренос на акции емитувани од скопски „Макпетрол“, овојпат 36. Оваа постапка ја минале и 26 обични акции на „Уготур“, 24 на РЖ „Интер-Трансшпед“, 23 на РЖ „Економика“ и 22 акции на Комерцијална банка.

    На последниот работен ден од минатата недела нетрговски се трансферирани 21 обична акција. Сите на „Окта“.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично