ПОВЕЌЕ

    Нето надворешниот долг изнесува 3.297 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    На крајот на првиот квартал од 2021 година нето надворешниот долг изнесува 3.297 милиони евра или 28,4 отсто од БДП што е квартално намалување за 95 милиони евра, соопшти денеска Народната банка.

    Од аспект на структурата, и натаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг, 61 процент.

    Според Народната банка, бруто надворешниот долг изнесува 9.833 милиони евра или 84,8 отсто од БДП што е квартално зголемување од 1.203 милиони евра, додека бруто надворешните побарувања изнесуваат 6.537 милиони евра или 56,4 отсто од БДП и се зголемување од 1.298 милиони евра.

    Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6,985 милиони евра или 60,2 процента од проектираниот БДП за 2021 година и на квартална основа бележи намалување за 35 милиони евра. Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел или 83 проценти се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично