ПОВЕЌЕ

    Нетфликс брзо заработува, а сега влегува во бизнисот и со онлајн продавници

    Време зa читање: 2 минути
    Американската стриминг компанија Нетфликс има повеќе од 200 милиони корисници. Бројот на корисници, а со тоа и нивниот профит, значително се зголемија за време на пандемијата, a сега тие добија нова идеја како и понатаму да заработуваат повеќе.
    Имено, Нетфликс најави дека ќе отвори онлајн продавница, каде корисниците ќе можат да купат линија нa облека, но и дека ќе им понуди да гледаат настани во живо кои се поврзани со познатите серии, меѓу кои „La Casa de Papel“, „The Witcher“ и „Stranger Things“ .
    Исто така, ќе може да се купат ѓердани, приврзоци, перници … Сајтот за е-шопинг на Нетфликс започна да работи минатата недела.
    Инвестирањето во модната индустрија сигнализира еволуција на стратегијата на компанијата, која со години беше фокусирана на една цел, а тоа е да собере што повеќе корисници кои се регистрирани на стриминг услугата-Нетфликс.
    Нетфликс сега може да се каже дека е една од најуспешните компании ширум светот. Се наведува дека компанијата работи нешто помалку од една деценија и за тоа време има стекнато голем број на корисници, има своја продукција и е рамо до рамо со големите стриминг услуги како што се HBO, Disney и други.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично