ПОВЕЌЕ

    Нерационалните трошоци на Владата опасни за стандардот на граѓаните и за економијата

    Време зa читање: 2 минути

    Во новото издание на поткастот „Каде се парите“ кој стартува вечерва во 22.00 часот на Јутјуб каналот на pari.com.mk, домаќинот и водител Горан Теменугов разговара со поранешната вицегувернерка и актуелен член на ИК на ВМРО ДПМНЕ Маја Кадиевска Војновиќ. Централна тема е лимитот на долгот на САД, но Војновиќ прави паралела и со состојбите во Македонија и нашиот буџетски дефицит кој според неа исто така не е одржлив на среден и долг рок.

    Според неа, состојбите во САД и во Македонија се сериозни и затоа мора да се сменат правилата на игра. Зборуваме и за „народната обврзница“ што сака да ја издаде Министерството за финансии и дали со овие пари се сака да се финансираат проектите на Бехтел – Енка во Македонија. Освен за ова зборуваме и за други економски теми. Затоа пратете не и на сите интернет платформи на кои е поткастот „Каде се парите“.

    Заследете ги и нашите канали:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично