ПОВЕЌЕ

    Нема вонредни продажби на недвижнини и добивката на Скопски пазар падна за 95 отсто

    Време зa читање: 2 минути

    Позитивни се финансиските резултати од деветмесечното работење на Скопски пазар, но за 95 отсто пониски во споредба со истиот минатогодишен период. За разлика од лани, кога профитот се броел во милиони евра (5,7), сегашната изнесува 15,8 милиони денари или 257,6 илјади евра, Како главна причина за падот се посочува отсуството на вонредни приходи од продажба на недвижен имот, кои ги имало во претходната 2024 година.

    Вкупните приходи во деветмесечниот период изнесуваат 211,3 милиони денари (3,4 милиони евра). За 62 отсто помали во однос на споредбениот лански период лани (8,9 милиони евра).

    Наспроти тоа,  трошоците се речиси на истото рамниште. Зголемени се за еден насто и достигнуваат 3,17 милиони евра.

    Од друштвото наведуваат дека продолжува имплементацијата на планираните инвестиции во објектите со кои стопанисува.

    Компанијата која управува со 14 зелени и еден пазар за добиток и изнајмува и продава недвижен имот, минатата година функционирала со 132 вработени. Тогаш крајните резултати биле – приходи од над 12 милиони и добивка од 6,9 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично