ПОВЕЌЕ

    Нема пониски цени – нема субвенционирана струја

    Време зa читање: 2 минути

    Ќе бидат ли казнети несовесните компании од прехранбениот сектор, кои не ги намалија цените на храната и покрај добиените субвенции за струја? Кои се офајдија, а не возвратија и не ги исполнија владините очекувања за намалување на цените до десет проценти

    Со санкцијата укинување на овој вид владина помош би требало да се соочат меѓу 60 и 70 отсто од корисниците. Оние кои ја користеле субвенцијата, но не ги реализирале преземените обврски. Оттаму и најавите од ресорното Министерство за економија, дека ќе достави предлог до Владата за укинување на оваа мерка, со која се поддржаа повеќе од 250 фирми. Всушност, и доколку се отстрани, тоа нема да се однесува за сите што ја ползуваат ваквата помош. Мерката би останала важечка за училиштата и за јавните комунални претпријатија. Или, како што беше и наведено, бидејќи се работи за кризна состојба, одлуките може да се селективни.

    Министерот за економија, Крешник Бектеши, во гостувањето на ТВ Алсат посочи дека трговците целосно ја испочитувале мерката за лимитирање на маржите кај основните намирници. И додаде дека веќе се работи на нови мерки за намалување на нивните цени.

    Инаку, досега се одвоени околу 1,3 милиони евра за субвенционирање на струјата за компаниите од прехранбениот сектор. Пари кои, според министерот, можат да се наменат за други мерки, пред се за категориите граѓани кои имаат најголема потреба од помош.

    Субвенционирањето стартуваше од први декември лани. Сепак, контролите спроведени од Државниот пазарен инспекторат детектирале дека цените на основните намирници останале исти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично