ПОВЕЌЕ

    Нема милијарда, 500 милиони евра е заемот од Унгарија – Мицкоски и Орбан со договор за финансиска соработка

    Време зa читање: 2 минути

    Петстотини милиони евра со камата од 3,25 проценти е заемот што Македонија ќе го добие од Унгарија. Отплатата е утврдена на 12 години, а има и тригодишен грејс период. Ова е специјалната економска соработка договорена меѓу премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан.

    Парите, според објаснувањето на Мицкоски, ќе се распоредат – 250 милиони евра директна поддршка за македонската економија под истите услови по кои се добива заемот, а другата половина ќе оди во капитални проекти кои ќе бидат изведени во општините, исклучиво наменети за потребите на граѓаните.

    „Денеска заедно со премиерот на унгарската Влада, господинот Виктор Орбан имавме исклучително квалитетна и плодна средба.

    Разговаравме за неколку теми меѓу кои и темата којашто можеби за македонските граѓани е најважна, а тоа е дека двете влади се договорија во иднина да воспостават специјална економска соработка, нешто што ќе значи сигурност и нешто што ќе значи финансиска стабилност за нашата македонска економија“, порача Мицкоски од Вашингтон.

    Во продолжение додава:

    „Во името на таа соработка се договоривме дека веднаш сега одговорните лица, министерствата за финансии на двете влади да отпочнат процес во којшто унгарската Влада ќе и позајми на македонската Влада сума од 500 милиони евра под следните услови, а тоа се камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години“.

    Поради тоа што во претходните најави за заемот се спомнуваше сума од една милијарда евра, премиерот објаснува дека воспоставувањето специјална економска соработка „подразбира дека во иднина кога ќе има потреба од такво нешто, ќе можеме повторно да се обратиме до нашиот специјален економски партнер, а тоа е унгарската Влада и да побараме поддршка дополнителна што ќе биде потребна за македонската економија“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично