„Големите маркети не само што диктираат високи цени за потрошувачите, туку вршат притисок и врз македонските производители и дистрибутери. Тие бараат давачки за влез во маркетите, за маркетинг и за позиционирање на производите. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши објаснува како нефер трговските практики ги гушат домашните компании и ги осиромашуваат граѓаните.
„Одредени маркети, два – три маркети, ланци на маркетите во нашата држава, имаа барања и на некој си начин купувна моќ и позиција на македонскиот пазар за да можат на производителите да им наметнат дополнителни давачки. За внесување на нов производ во нивните ланци на маркети. Ако одреден производител има нов производ, требаше дополнително да плаќаат за позиција во нивните маркети. За трошок за маркетинг што ги имаа тие ланци на маркети, ги пренесува на производителите за да можат да плаќаат. И дополнително на тоа, зошто се продаваат нивните производи во тие ланци на маркети, годишно им пресметуваа рабат кој одеше до 35-40% од вкупната сума на робата годишно, или квартално или полугодишно, што тие производители го добавуваа во тие маркети.
И тоа се прелива кај нас, граѓаните.
Секако дека се прелева и ние го плаќаме во финалната цена.“
Премиерата на новите епизоди е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете сабскрајб за повеќе анализи!“