Разделбата на американскиот претседател Доналд Трамп со „првото другарче“ Елон Маск не одеше мазно како што се очекуваше, откако во вторникот милијардерот го критикуваше новодонесениот закон за буџетско трошење на Трамп, нарекувајќи го „пренадуен хаос“. Два извори кои разговарале со Маск, за магазинот Форбс изјавиле дека тој бил фрустриран што не успеал да добие поволен третман во однос на законот и администрацијата воопшто.
Објавата на Маск на X во која го нарекува „големиот, прекрасен закон“ на Трамп „одвратна гнасотија“ на мрсно трошење го изненади тимот на Трамп кога беше објавена за време на брифингот за медиумите во Белата куќа – и сигнализираше ескалација на тензијата што го засени заминувањето на Маск од владата минатата недела.
Маск го критикуваше потпишаниот закон на Трамп и претходно, но пред вторник попладне неговата реторика беше многу повоздржана и потивка.
Маск и Трамп остануваат пријатели и сојузници, изјавија за „Аксиос“ двете лица со кои тие често комуницирале. Но, тие рекоа дека Трамп бил донекаде вознемирен од саботажата на Маск на социјалните медиуми.
„И Елон беше ептен погоден“, рече еден извор. Портпаролот на Маск не можеше да се контактира.
Изворите запознаени со односот Трамп-Маск велат дека се чини дека имало четири пресвртни точки што доведоа до неговиот остар напад врз законот на Трамп:
Законодавниот дом го намали на даночниот кредит за електрични возила што им помага на производителите на автомобили како што е Тесла на Маск. До крајот на април, неговата компанија потрошила најмалку 240.000 долари лобирајќи во име на кредитот и други прашања на компанијата. Зад сцената, велат изворите, Маск исто така се залагал за мерката во законодавството, но без успех.
Маск работел во Белата куќа како таканаречен „специјален владин службеник“ и разговарал за обидот да остане на таа улога по временскиот рок од 130 дена утврден со закон за неплатената советничка позиција. Но, на крајот, претставниците на Белата куќа рекоа дека тој не може да продолжи да служи во тој капацитет.
Маск, исто така, сакал Федералната администрација за воздухопловство да го користи неговиот сателитски систем Starlink за национална контрола на воздушниот сообраќај, велат изворите. Но, администрацијата се спротивставила на тоа поради појава на конфликт на интереси и од технолошки причини. „Не можете да имате контрола на воздушниот сообраќај само да работи потпирајќи се на сателити“, рече вториот извор.
Последната капка за Маск се чини дека дојде во саботата навечер, кога Трамп ненадејно објави дека ја повлекува номинацијата на Џаред Исакман, сојузник на Маск, за администратор на НАСА.
Откако номинацијата на Исакман беше отфрлена, брзо се прошири веста во Белата куќа дека Серхио Гор – директорот на Канцеларијата за претседателски персонал кој се судри со Маск – стои зад одлуката.
„Ова беше едно „е*и се“ на Серхио кон Маск“, рече еден функционер на Белата куќа.
Но, двајца луѓе од администрацијата рекоа дека тоа не е случај: Сенаторите се пожалија на Исакман дека е донатор на демократите, рекоа луѓето од внатре, а Белата куќа сакаше лојален републиканец.
„Сепак, перцепцијата е реалност и сум прилично сигурен дека Илон сметаше дека ситуацијата со НАСА е последна во низата навреди“, рече функционерот на Белата куќа.