ПОВЕЌЕ

    „Тинекс“: Не можеме да набавиме овошје и зеленчук по цени пропишани со владината одлука

    Време зa читање: 2 минути

    „Тинекс“ не е во можност да продава производи доколку добавувачот не ги дистрибуира, и покрај својата најдобра намера да излезе во пресрет на потрошувачите, како и да ги исполни одлуките на Владата. Ова е наведено во соопштението на компанијата упатено до јавноста, во кое се реагира на пласираните информации во електронските медиуми поврзани со изречените прекршочни и кривични казни поради непочитување на владината одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот.

    „Од страна на Пазарен инспекторат на ден 22.04.2023 беа извршени контроли во неколку маркети на ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ. Информацијата дека се изречени прекршочни казни е точна, казните се изречени од причина што во маркетите немало количини или воопшто немало одделни производи (овошје, зеленчук) кои се опфатени со мерките на Владата. И покрај сите сторени напори, направени нарачки и остварени контакти со добавувачи, ТИНЕКС-МТ не успева да ги обезбеди потребните количини на овошје и зеленчук пропишани со Одлуката, од причина што не се достапни на пазарот по цени по кои е наложено да се набавуваат и продаваат“, се вели во соопштението, во коесе повикуваат медиумите да пласираат одмерени информации и претходно проверени податоци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично