ПОВЕЌЕ

    НЕ Е ЕДНА, АМА Е КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА: Ако е сега 46 милиони евра, колкав ќе е профитот на крајот од годинава?

    Време зa читање: 4 минути

    Можат да ги напаѓаат, можат да им завидуваат, кој што сака може да каже, но профитот, оној чистиот, од 46 милиони евра, говори за поставеноста на работите, за пристапот кон работите, за управувањето… И, конечно, за довербата од клиентите. Без оглед дали ги тера маката, дали од безизлез, дали од потреба, или заради одредени навики, ја бираат Комерцијална банка. Така кажуваат резултатите.

    Со шест месеци работа добивката е зголемена за 42 проценти. И изнесува 2.844,6 милиони денари. За споредба, во истиот период лани беше 2.003,3 милиони денари. Уште повеќе, во Комерцијална банка ја „промашиле“ проценката. Па планираната полугодишна бруто-добивка е исполнета со 134,4 проценти.

    РАСТУРА НА ДОМАШЕН, СЕ ПОТВРДУВА И НА ТУЃ ТЕРЕН – „Алкалоид“ повторно со завидни резултати

    Во тој контекст, од Банката објаснуваат:

    „Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 46,0% поголема во однос на истиот период минатата година. Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемените останати приходи од дејноста и зголемените нето приходи од камата, а во помал дел и поради зголемените нето приходи од провизии и нето приходи од тргување. Позначителното зголемување на останатите приходи од дејноста во споредба со истиот период минатата година е резултат на зголемените приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот“.

    Последново се однесува на кавадаречки „Еуроникел Индустри“, односно на некогашното „Фени“. Како најголем доверител Комерцијална банка го презема имотот на комбинатот, а потоа го продаде на турската компанија „Јилдерим“ за четириесеттина милиони евра

    Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4.503,8 милиони денари или речиси 72,9 милиони евра и зголемени се за 36,5 насто. Во таа сума, уделот на средствата наплатени по линијата на камати е повеќе од половина. Нето-приходите од камата се повисоки за 22,2 проценти и достигнуваат 2.954.497.000 денари, односно 47,8 милиони евра. А, само приливите по основ на камата се зголемени за 27,6 проценти и Комерцијална банка инкасирала 3.348.157.000 денари (близу 54,2 милиони евра).

    Што се однесува до кредитите, Комерцијална банка има вкупен пласман од 72.246.910.000 денари, односно 1,16 милијарди евра.

    Добар е делот што го носат провизиите и надоместоците. Тука станува збор за нето-приходи од 611,8 милиони денари (9,9 милиони евра). Во однос на споредбениот период бележат зголемување од 13,7 насто. Понатаму, Банката има приходи од курсни разлики (180,4 милиони денари), па има ставка останати приходи од работењето…

    Во првата половина од годинава Банката имала оперативни трошоци од 1.186,7 милиони денари или 19,2 милиони евра, кои од истиот лански период се повисоки за 15,4 насто. И тука има влијание „Фени“, односно расходите се направени со цел одржување на комбинатот во добра состојба за ефикасно рестартирање на производниот процес.

    Зголемени се и трошоците за камати. И тоа, за високи 90,5 проценти. Причината е лоцирана кај повеќето орочени депозити и поголемите пасивни каматни стапки. Инаку, вкупните депозити со кои располага оваа банка се 145.210.433.000 денари или 2,34 милијарди евра.

    Сево ова се рефлектирало врз вкупната актива на Банката, која на последниот ден од јуни се мери со 166.758,4 милиони денари, што е еднакво на 2,7 милијарди евра. За шест месеци е зголемена за 1,9 проценти.

    Што наследи новата Влада? Буџет во хаос и тотална фискална недисциплина!

    На крај, повторно за добивката. Ако лани ова време се зборуваше за 33 милиони евра, а потоа, на крајот од 2023 за „леле, што напраивме“ и сума од 58 милиони евра, тогаш колкав ли ќе е профитот на 31 декември?

    М.А.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично