Растот на депозитите и на кредитите на крајот на првиот квартал од годинава останува солиден, годишната стапка на раст на вкупните депозити изнесува 8,3 отсто, а раст бележат депозитите и на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“, информираат од Народна банка.
„По падот во февруари, депозитите на месечно ниво се зголемија за 2,4 отсто, додека годишниот раст изнесува 12,5 отсто. Кредитните текови останаа непроменети на месечна основа, додека на годишна основа бележат раст од 1,8 отсто. Годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор изнесува 3,8 отсто. Кај домаќинствата, депозитите бележат месечен раст од 0,1 отсто, а на годишна основа се зголемени за 8,6 отсто. Додека кредитите се зголемени за 0,1 отсто на месечна основа, а на годишна основа кредитниот раст изнесува 10,1 отсто. При тоа, годишниот кредитен раст кај домаќинствата изнесува 10,9 отсто,“ се вели во соопштението на Народна банка.