ПОВЕЌЕ

    Извештај за позначајни движења во платниот биланс во првиот квартал од 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Позначајни движења во платниот биланс во првиот квартал од 2020 година

    Во првиот квартал од 2020 година:

    • во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 157 милиони евра, при дефицит во стоковната размена и кај салдото на примарниот доход. Во споредба со истиот квартал од минатата година, дефицитот во тековната сметка е намален за 1,2 милиона евра.
    • Кај финансиските трансакции со нерезиденти се остварени нето-приливи од 172,7 милиона евра, а позначајни нето-приливи се остварени кај директните инвестиции во износ од 132,7 милиони евра.

    Соопштението е достапно тука.

    Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2020 година

    Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), на крајот од првиот квартал од оваа година изнесуваат 121.472 милиони денари. Пензиските фондови и натаму имаат најголемо учество во вкупните средства на ОФИ од 62,2%, а по нив следуваат средствата на осигурителните друштва со учество од 21,3%.

    Од аспект на финансиски инструменти, во структурата на средствата на ОФИ најзначајни се должничките и сопственичките хартии од вредност со збирно учество од 69,1%. Во структурата на обврските најзначајни се техничките резерви на осигурување и капиталните сметки со збирно учество од 90,6%.        

    НАПОМЕНА: Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.

    Соопштението е достапно тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично