ПОВЕЌЕ

    НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

    Време зa читање: 3 минути

    Граѓаните треба да бидат спокојни. Гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен. Нема и нема да има промени на нивото на неговиот девизен курс – тврдат од Народната банка на Македонија, отфрлајќи ги шпекулациите дека во прашање е доведена стабилноста на денарот.

    Девизните резерви, кои се клучната гаранција за стабилноста на девизниот курс на домашната валута, во изминатиот период достигнале историски највисоко ниво.

    Од почетокот на овој месец, тие остварија раст од 603,8 милиони евра. Високото ниво на девизните резерви од над 3 милијарди евра, не само што е соодветно за одржување на стабилен курс на денарот, туку како што веќе и имаме посочено, тоа е двојно повисоко во однос на 2008 година, кога како централна банка успешно одговоривме на предизвиците од тогашната глобална економска и финансиска криза – нагласуваат од НБМ.

    Потсетуваме дека Народната банка има и низа инструменти што се дополнителна гаранција за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

    И најновите проекции на Народната банка, покажуваат дека во претстојниот период се очекува и натамошен раст на девизните резерви.

    И во проекциите на сите релевантни меѓународни институции се посочува дека нивото на девизните резерви на нашата земја е и ќе остане адекватно и дека на ниту еден начин нема да биде загрозена стабилноста на денарот. Неодамна, во текот на мај, двете најугледни светски агенции за кредитен рејтинг – „Стандард и Пурс“ и „Фич“, во основа задржувајќи го досегашниот кредитен рејтинг на земјата, истовремено потврдија и дека нема опасности за стабилноста на девизниот курс на нашата домашна валута – велат од Народната банка на Република Македонија.

    Стабилноста на девизниот курс на денарот била, е и ќе остане наш приоритет и таа е загарантирана – тврдат од НБРМ.

    Од оваа институција апелираат на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации во врска со домашната валута и нејзиниот девизен курс.

    Како што посочивме и во двата наврати кога на социјалните мрежи се споделуваа шпекулации во врска со домашната валута, пласирањето неточни или непроверени информации во врска со денарот може да креира негативни ефекти за македонската економија. Повторно потсетуваме дека како што во повеќе наврати соопштивме, девизниот курс на денарот е и ќе остане стабилен – нагласуваат од НБРМ.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично