Наум Јанакиев моментално пензионер и претседател на Македонската голф федерација е предложен за кандидат за член на Надзорниот одбор на Реплек, објави компанијата на Македонска берза.
Врз основа на член 344 став 3 и став 4 од Законот за трговски друштва, за предложениот кандидат за член на Надзорен одбор на РЕПЛЕК АД Скопје се објавуваат следните:
П О Д А Т О Ц И
за предложен кандидат за член на Надзорниот одбор на РЕПЛЕК АД Скопје
Наум Јанакиев, за член, од Скопје, возраст: 61 година, пол: машки, образование: Економски факултет, работно искуство: 39 години стекнато во Нестле, Голф клуб Лозана и во моментот е пензионер.
Врши функција Претседател на Македонска голф федерација.
Во други друштва не е и не бил член на орган на управување, односно надзорен одбор.
Не поседува акции во РЕПЛЕК АД. Акционер е во Нестле со 931 број на акции. Нема заеми или обврски спрема РЕПЛЕК АД Скопје.