ПОВЕЌЕ

    NatWest банка тестира приврзок за плаќање што користи технологија – отпечатоци од прсти

    Време зa читање: 2 минути

    Британската банка NatWest започна со испробување на приврзоци за плаќање користејќи технологија на биометриски отпечатоци.

    Банката објави дека ќе учествуваат 250 клиенти во пилот-проектот, кој ќе трае три месеци, пренесува CNBC.

    Приврзокот работи со тековните терминали со чип и ПИН технологија и ќе им овозможи на клиентите да вршат безконтактни трансакции во вкупен износ до 100 фунти (130 американски долари) со употреба на отпечаток од прст за да ги потврдат исплатите.

    Корисниците ги испраќаат своите информации со отпечатокот од прст во приврзокот и го регистрираат својот налог преку паметен телефон. NatWest тврди дека приврзокот не е поголем од обичен прврзок за клучеви на којшто има мал читач на отпечатоци.

    Употребата на биометриски фолии произлегува од пилот-проектите за биометриски кредитни и дебитни картички, кои беа лансирани претходно во текот на оваа година.

    NatWest објави дека биометриските податоци се шифрирани на уредот и никогаш нема да бидат споделени ниту со трговецот, ниту со банката.


    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично