Градежната компанија „Настел“ продолжува со серијата продажби на акциите издадени од „Реплек“, започната минатото лето. Последната објава од фармацевтската куќа информира дека се продадени 119 хартии од вредност.
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува
Акционер со над 5% односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 119 акции, со што поседува вкупно 17.747 или 6,85% од вкупниот број на акции“.
Во истото соопштение наменето за инвеститорската јавност се наведува дека Петар Андреевски, кој е член на Надзорниот одбор, се стекнал со 20 нови акции. Во моментот поседува 30 акции на „Реплек“.