ПОВЕЌЕ

    „Настел“ продаде пет акции, сега поседува 9,36 отсто од „Реплек“

    Време зa читање: 2 минути

    „Настел“, кој е еден од поголемите акционери на „Реплек“, со сопственост од над пет проценти, продал пет акции. Сега има удел од 9,36 отсто во сопственичката структура на фармацевтската компанија. Продажбата е извршена пред поделбата на акциите, односно пред 11 јули.

    За промената известуваат од „Реплек“.

    „Акционер со над 5% односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 5 акции (пред поделба на акциите), со што после поделба на акциите поседува вкупно 24.270 или 9,36% од вкупниот број на акции“, пишува во информацијата објавена на Македонска берза.

    Во петокот не се тргуваше со акциите на „Реплек“, бидејќи тогаш се изврши поделбата и намалувањето на номиналниот износ на обичните акции во сооднос еден спрема десет. Или, со тој процес, од една произлегоа десет акции. Така, од 562,42 колку што беше претходно, сега номиналниот износ за акција е 56,242 евра. Тоа не се одрази врз основната главнина која е поделена на 259.200 обични акции. Одлуката за оваа промена беше донесена од страна на акционерите, на годишното собрание што се одржа во април.

    Исто така, од Берзата информираа дека „Реплек“ не е повеќе на Листата за набљудување на која се наоѓаше од седми мај, „поради тоа што е завршена постапката за поделба на обичните акции и намалување на номиналниот износ на акциите и за измена и дополнување на Статутот на друштвото“.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично