ПОВЕЌЕ

    НАСА ја избра Нокиа за поставување на првиот систем за комуникација на Месечината

    Време зa читање: 2 минути

    Американската вселенска агенција НАСА ја избра Нокиа како партнер во поставувањето на систем за комуникација на Месечината, како еден од предусловите за одржлив човечки систем на Земјиниот сателит, соопшти во понеделник, финската компанија.

    Според договор со НАСА, Нокиа би го изградила првиот 4G комуникациски систем во вселената до 2022 година, отворајќи ја вратата за одржливо човечко присуство на Месечината.

    Целта на мисијата на НАСА е да ги врати луѓето на Месечината до 2024 година и да изгради долгорочно човечко присуство и населби како дел од програмата Артемида.

    Nokia Bell Labs работи со американската компанија Intuitive Machines за да ја интегрира оваа револуционерна мрежа во нејзиното лунарно летало и да ја испорача на површината на Месечината.

    Мрежата ќе се самоконфигурира по испораката и ќе го воспостави првиот LTE комуникациски систем на Месечината, се вели во соопштението.

    Мрежата се очекува да обезбеди клучни можности за многу различни типови на пренос на податоци, вклучувајќи управување и контрола, далечинско управување на лунарните ровери, навигација во реално време и пренос на видео со висока дефиниција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично