ПОВЕЌЕ

    Народната банка не ја смени основна каматна стапка, кредитите треба да останат исти

    Време зa читање: 2 минути

    Основната каматна стапка останува непроменета на ниво од 1,25 проценти, посочува Народната банка во последниот извештај за усогласеноста на монетарните политика со макроекономските движења во земјава. Сепак од банката наведуваат дека случувањата упатуваат на потребата од будно следење. Исто така останува на аукцијата на благајнички записи да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

    Девизните резерви и натаму се во сигурната зона, а остварувањата во 2021 година се малку подобри од очекувањата според последните проекции. Збирно за целата 2021 година,  девизните резерви пораснаа за 283 милиони евра, што е малку повеќе од очекуваното.

    Во однос на инфлацијата, просечната годишна промена на цените за 2021 година е во рамките на проекцијата. Во просек за целата 2021 година, годишниот раст на цените изнесува 3,2%, при проектиран раст од 3,1%. Сепак, како и во глобални рамки, во последниот период, годишниот раст на цените забрза, а очекувањата за увозните цени се коригирани нагоре.

    Во просек, во првите три квартали на 2021 година, економијата бележи реален раст од 4,6%, што е блиску до очекувањата на Народната банка од октомвриската проекција.

    Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка заклучува дека речиси сите макроекономските показатели се движат во согласност со очекувањата. Но, неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од ковид-19 и нејзините ефекти и понатаму постојат. ФЕД и ЕЦБ, како централни банки коишто значајно делуваат врз глобалните финансиски пазари, иако сѐ уште не ја зголемија основната каматна стапка, започнаа со постепено намалување на монетарниот стимул како одговор на економското закрепнување и порастот на цените. Народната банка, како и досега, и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите, ризиците и промените на глобалните услови и е подготвена за соодветна реакција преку расположливиот инструментариум.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично