ПОВЕЌЕ

    Народна банка ја ревидираше стапката на инфлација од 1,5 на 2,2 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Народна банка го објави кварталниот извештај со најновите макроекономски проекции. Она што најмногу ги загрижува граѓаните е стапката на инфлација предизвикана од се поголемото поскапување на храната и енергијата.

    -Кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2% (1,5% во претходната проекција), при нагорни корекции кај надворешните влезни претпоставки во делот на цените на нафтата и храната. За 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2%, информираа од централната банка.

    Според објаснувањето на Народната банка нашата земја како увозно зависна во делот на храната и енергијата се очекува да ги почувствува последиците од поскапувањето на овие увозни елементи. На светските берзи се очекува пораст на цените на храната и особено на нафтата.

    Индексот на инфлација кај нас дури 50 проценти го сочинуваат храната и енергијата.Од банката појаснуваат дека проекциите се направени врз основа на очекувањата за поскапување на двата увозни елементи, а не на зголемена домашна побарувачка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично