ПОВЕЌЕ

    Народна банка: Александра Данева добитник на наградата за најдобар млад истражувач

    Време зa читање: 2 минути

    „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“ е трудот кој на Александра Данева и ја донесе наградата за млад истражувач што ја доделува Народната банка.

    Наградениот труд, кој добил највисока оценка од одборот за оценување, ги испитува карактеристиките на фирмите кои влијаат врз приносите од акциите и ја моделира променливоста на индексот на Македонската берза. Притоа, приносите на индексот и карактеристиките на фирмите се споредуваат со примерот на Словенија, како земја на повисоко ниво на развој.

    Александра Данева се стекнала со меѓународна диплома за економија и бизнис на Универзитетот Еразмус во Ротердам, Холандија. Своето знаење го надградува со работно искуство како финансиски аналитичар во Друштвото за управување со отворени инвестициски фондови „ВФП Фонд менаџмент“ АД Скопје.

    Народната банка постојано дава поддршка за истражувачката активност и придонесува за унапредување на знаењето и поттикнување на научната и креативната мисла, што е основа и за осмислување и водење здрави економски политики. Нашата цел е да ги поддржиме младите економисти да создаваат нови идеи и иновативни решенија за предизвиците во економијата. Истовремено, го нагласуваме значењето на научната мисла кај младите лица кои се идни носители на политиките – истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска при доделувањето на плакетата за прва награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството.

    Ова е 17-та годишната награда за млади истражувачи, со која Народната банка ја мотивира младата популација за унапредување и развој на истражувачката и аналитичката работа во областа на економијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично