Во врска со укинувањето на спорниот член 163 од Законот за банки од страна на Уставниот суд, одлука која беше донесена денес од страна на Народната банка побараа оваа одлука да не се поврзува со стабилноста на банкарскиот сектор.
-Донесената одлука на Уставниот суд не треба да се контекстуализира со состојбата и стабилноста на банкарскиот систем. Состојбите во банкарскиот систем се ценат преку клучните параметри за неговото работење, а тие и на крајот на првиот квартал од оваа година остануваат поволни, истакнуваат од Народната банка.