Во јануари инфлацијата оствари годишна стапка од 6,7 проценти. Инфлацијата е одраз на порастот на цените на енергијата и на храната, велат од Народната банка.
,,Придонесот на базичната инфлација (инфлацијата од која е исклучено влијанието на цените на храната и енергенсите) кон растот на ценовното ниво е сѐ уште умерен и стабилен. Оттука, ценовните притисоци и натаму главно произлегуваат од фактори на страната на понудата, поврзани со промените на цените на глобалните пазари и влијанието налацијата пандемијата. Остварената инфлација е над проекцијата, а очекувањата за идната динамика на увозните цени е коригирана во нагорна насока, со што ризиците за проекцијата на инфлацијата на краток рок се нагорни”, велат од Централната банка.
Сепак, од банката велат дека според прогнозите на меѓународните институции очекуваат стабилизирање на растот на овие цени во втората половина на годината и со тоа намалување на инфлациските притисоци. Неизвесноста е поврзана со пандемијата и актуелните геополитички тензии.