ПОВЕЌЕ

    НАМАЛУВАЊЕ НА 2.000 РАБОТНИ МЕСТА ВО ДОЈЧЕ БАНК: Постепено се инкорпорират дигиталните банкарски услуги

    Време зa читање: 2 минути

    Дојче банк ќе го намали бројот на вработени на својата банка за малопродажба за речиси 2.000 луѓе во 2025 година со „значително“ намалување на бројот на филијали, изјави главниот извршен директор Кристијан Севинг.

    Потегот за намалување доаѓа во услови на пад на профитот и е дел од пошироката стратегија на банката за намалување на трошоците. Банката планира да затвори и неколку свои филијали.

    Бројката за намалување на работните места е ново обелоденување од најголемата германска банка, a заемодавачот има за цел да исполни серија амбициозни финансиски цели до крајот на годината.

    „Повторно ќе ги намалиме филијалите како што планиравме оваа година во прилично значителен број“, рече Севинг на финансиската конференција организирана од Морган Стенли, додавајќи дека кратењата ќе се случат и кај брендовите Дојче Банк и Постбанк.

    Дојче банк затвори 125 филијали минатата година и навести дека се на пат уште затворања. Sewing и банката не кажаа уште колку филијали ќе затворат во 2025 година.

    Севинг рече дека банката веќе ги земала предвид трошоците за реструктуирање на работните места.

    Банката постепено ги инкорпорира дигиталните банкарски услуги и има намера да ги зголеми видео и телефонските консултации за приватни клиенти.

    Банката очекува дека мерките за реструктуирање ќе го подобрат нејзиниот принос на капиталот, таргетирајќи бројка од над 10% до 2025 година, од 4,7% минатата година.

    Перформансите на банката во 2024 година останаа под очекувањата, со добивка пред оданочување од 5,3 милијарди евра (5,8 милијарди долари) – 7% пониска од претходната година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично