ПОВЕЌЕ

    НАМАЛЕНИ ДОЛГОВИТЕ, ЗГОЛЕМЕН ПРИХОДОТ: ТЕ-ТО лани со двојна добивка, но, сепак, тројно пониска од 2022 година

    Време зa читање: 3 минути

    Гасната централа ТЕ-ТО минатата година остварила недоволен финансиски резултат во своето работење. Иако имала позитивен резултат со нето добивка од 3,2 милиони евра, истата била повеќе од тројно пониска од добивката во 2022 година кога изнесувала 11,3 милиони евра. Со овој финансиски резултат не се достигнати целите на компанијата во 2023 година согласно бизнис планот со кој се бара нето добивка од 14 милиони евра за да се обезбеди минимум прифатлива динамика на поврат на инвестицијата. Ваквиот недоволен финансиски резултат е заради влошените пазарни прилики односно намалениот однос на цените на електрична енергија на берзите во однос на цените на природниот гас. Според податоците од Македонска берза негативно влијаеше и продолжувањето на кризната состојба со снабдувањето со топлинска енергија објавена од Владата во периодот јануари – април 2023 година кога цената на топлинската енергија од ТЕ-ТО согласно одлука на регулаторната комисија за енергетика РКЕ беше ограничена на 60 % пониска од цената на топланите.

    ТЕ-ТО е најголем приватен производител на струја во Македонија и според официјалните податоци во 2023 година оваа компанија произвела 1.370 гигаватчасови електрична енергија за кои наплатила 189,4 милиони евра. Од продажба на топлинска енергија што ја продава за загревање на домовите на жителите во Скопје, ТЕ-ТО наплатил уште 16 милиони евра. Што значи оваа компанија остварила приходи од продажба над 205 милиони евра.

    Во споредба со 2022 година, приходите од продажба се помали за 111,5 милиони евра и тоа е заради намалените цени на струјата на пазарите за електрична енергија.

    Според податоците објавени на Македонска берза, ТЕ-ТО успешно се раздолжува и ги исплаќа ратите од кредитите. Целосно ги отплатил сите достасани рати до Ландес Банка (исплатените износи во 2023 година изнесуваат 14.884 илјади евра). Кредитот од Комерцијална Банка АД Скопје кој бил составен дел на Планот за реорганизација е целосно исплатен во 2020 година.

    Податоците покажуваат дека вкупните финансиски обврски на крај на 2023 година изнесуваат околу 30 милиони евра. Од тоа каматни обврски се околу 11 милиони евра, а останатото се обврски кон доверители, тековни обврски и позајмици од акционерите..

    ТЕ-ТО лани продаде 1.370 гигаватчасови електрична енергија. За истиот период во екот на грејната сезона компанијата произвела и продала 284 гигаватчасови толинска енергија. Оваа од аспект на производството е втора најдобра година на ТЕ-ТО , по 2021 година која е рекордна според производството. Лани ТЕ-ТО произведувал 321 ден што е за 74 денови повеќе од претходната 2022 година.

    Когенеративната централа ТЕ-ТО, лани на вработените кои бројат 71 лице исплатила бруто плати во вкупен износ од 2,3 милиони евра, што значи дека просечно месечно бруто платата во ТЕ-ТО лани изнесувала 2.708 евра.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично