Акциите, се чини, не беа прв избор за новогодишен подарок. Тоа се огледува од официјалните податоци за извршените нетрговски трансфери во последната работна недела од годината што измина. Од 25 до 29 декември пренесена е сопственоста на 521 обична и на една приоритетна акција, издадени од пет компании и две банки.
На двапати во текот на еуфоричната седмица извршен е нетрговски трансфер на акциите од „Македонски телеком“, во понеделникот 380 и во вторникот уште 200.
Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, објавени на Македонска берза, најголемиот број од акциите – 444, се трансферирани во понеделникот. Понатаму, бројките опаѓаат.
Така, на овој начин сопственоста е променета на 64 обични акции од „Макпетрол“, на 48 од кавадаречката винарија „Тиквеш“, 207 од Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп и на една обична акција емитувана од „Кланица со ладилник“ АД Струмица.
Исто така, предмет на нетрговски пренос биле и 65 обични акции на Комерцијална банка. Како и една приоритетна акција на скопската Стопанска банка, која е и единствената забележана на последниот работен ден од 2023.