ПОВЕЌЕ

    Toп пет од најуспешните жени претприемачи

    Време зa читање: 5 минути

    Врз основа на нивните достигнувања и нето-вредност, следниве дами се едни од најуспешните жени претприемачи на денешницата. Тие  создадоа бренд имиња за себе и успешни кариери.

    1. Опра Винфри

    Се чини дека не е потребно да се спомене презимето, кога станува збор за славната Опра. Позната како „прва дама водител на забавни емисии“. Како што е наведено во нејзината интернет биографија, таа е родена во фарма на Мисисипи, каде се забавуваше играјќи си пред животните одгледувани во фармата.

    Таа потекнува од сиромашно семејство и била сексуална злоупотреба на 9-годишна возраст. По дипломирањето, таа започнува да работи во ТВ-индустријата и имачла одлични рејтинзи за дневните ток-шоуа, многу подобри од на колегите кои долги години беа во оваа индустрија. Денес, Опра е најпозната по тоа што е домаќин на шоуто Опра Винфри, филантром и има своја ТВ мрежа и списание.

    1. Жизел Бундхен

    Жизел Бундхен своето детство го поминала во Бразил со нејзините сестри кои често ја задевале дека е висока и слаба. Но, овие карактеристики и помогнале да ја започне кариерата како модел, а од 2001 година таа е една од најплатените модели во светот.

    Покрај добро познатата работа во модната индустрија, Бундхен е основач на сопствена козметичка линија, која вклучува крем за лице, ноќна крема и маска од кал. Во 2010 година на тронот, според листата на Форбс, била Жизел Бундхен која за една година заработила неверојатни 45 милиони долари.

    1. Шерил Сандберг

    Шерил Сандберг е една од најпознатите и најуспшени жени во светот на технологијата. Таа е главен оперативен директор со Facebook, но таа е и активист, автор, филантроп и милијардер. Сандберг е основач на Leanin.org, глобална иницијатива која им помага и ги инспирира жените да ги остварат своите амбиции и цели. Пред да се вклучи во Facebook, Сандберг била потпретседател за глобални онлајн продажби и операции во Google, a пред да замине во приватниот секретар била шеф на кабинет на поранешниот американски министер за финансии Лоренс Самерс. Нејзиното богатство мерено преку акциите во Facebook и други компании, се проценува на околу 1 милијарди долари.

    1. Лејди Гага

    Нејзиното родено име е Стефани Џоан Анџелина Германота, сега веќе позната како Лејди Гага. Таа првпат ги освои обожавателите во 2008 година со нејзиниот поп хит „Just Dance“. Но, пред да биде Гага, таа била девојче во католичко училиште со голема љубов кон музиката, а својата прва пијано-балада ја напиша на 13 години.

    Лејди Гага, започнала да свири клавир на четири години, а нејзиниот учител веднаш забележал дека се работи за талент. Нејзината кариера припаѓа меѓу една од најголемите во поп културата, а таа е сопственичка на Оскар, Греми, Златен глобус и други модни награди која засекогаш ја вброија меѓу ѕвездите.

    1. Џ. К. Рoулинг

    Џоан „Џо“ Рoулинг, која се потпишува на своите дела со писателското име Џ. К. Рoулинг е британска писателка, најпозната по фантастичниот серијалот Хари Потер. Книгите за младиот волшебник се здобија со светска слава, добија безброј фанови и се продадоа во над 400 милиони копии

    Според нејзиниот официјален веб-сајт, родена е во Лондон 1965г, како прво дете на 20-годишни родители, и двајцата вработени во британската морнарица. Набрзо, по неа, се раѓаат братот Џо и сестра ѝ Ди – тогаш се преселуваат во внатрешноста на Англија каде имале обично, среќно детство полно со настани, од кои многу ќе ѝ послужат како материјал за пишување. Џоана го сакала училиштето, но нејзиниот живот набрзо се променил – мајка ѝ тешко се разболела кога Џоана имала 15 години. По завршувањето на средното училиште, запишуваа студии по француски јазик, но набрзо увидела дека тоа не е она што го сака. По напуштањето на студиите, заминува во Португалија, каде држи часови по англиски јазик. Таму го запознава и првиот сопруг – не издржале долго во брак, но како што вели Џоана „тој ми го подари најубавото нешто: ќерката Џесика“. Тогаш веќе била начисто со тоа дека сака да пишува – нацртите од нејзиниот прв роман ги запишувала на салвета во пабот каде најчесто, од сожалување, ѝ давале хранa.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично