Најпрофитабилните компании во САД не покажаа исклучок на пад на профитот. Согласно списанието „Фортун 500“ во продолжение Ви ги претставуваме најпрофитабилните топ пет компании во САД.
- Беркшир Хатавеј (осигурување)- 81,4 милијарди американски долари
Се работи за американска мултинационална холдинг компанија, инвестициски фонд на американскиот милијардер Ворен Бафет. Холдингот има големи удели во десетици компании, вклучително и авиокомпании, банки, технолошки компании. Ширењето на вирусот предизвика сериозна штета врз американската економија и доведе до значителен пад на врендоста на акциите на многу компании.
„Беркшир Хатавеј“, најпрофитабилната компанија во САД, регистрира нето загуба од 50 милијарди американски долари во првиот квартал.
- Епл (компјутери и софтвер): 55,3 милијарди американски долари
Американската мултинационална компанија „Епл“, дизајнира и произведува електронска опрема, софтвер и онлајн услуги. Оваа компанија го задржа своето место како најпочитуван светски бренд на највозбудливите компании во светот.
- Мајкрософт (компјутери и софтвер): 39.2 милијарди американски долари
Се работи за американска мултинационална компанија со седиште во Редмонд, Вашингтон. Мајкрософт произведува, лиценцира, продава и овозможува поддршка за компјутерски софтвер, потрошувачка електроника, персонални компјутери и сервисирање. Нивни најдобри производи се: оперативните системи „Мајкрософт виндоус“, комплетот „Мајкрософт Офис“ и веб-прелистувачот „Интернет Експлорер“.
- ЈП Морган Чејс (Финансии): 36,4 милијарди американски долари
Станува збор за најголемата американска банка, поточно финансиско холдинг друштво основано во 1968 година со седиште во Њујорк. Нејзините операции се извршуваат во повеќе од 60 земји, вклучувајќи ги инвестициското банкарство, финансиски трансакции, управување со инвестиции, како и лично банкарство.
- Алфабет (Интернет услуги и малопродажба): 34,3 милијарди американски долари
Се работи за американската мултинационална компанија чија главна подружница е Гугл. Седиштето на компанијата е во Калифорнија, а основачи се Гугла Лари Пејџ и Сергеј Брин.