На првиот ден на исплатата на пензиите стигна официјална информација од Министерството за труд и социјална политика: пензиите се зголемуваат за 5,3 проценти. Истовремено, и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување излезе со податоци за август, врз основа на кои „Пари“ пресмета колку со покачувањето изнесува просечната пензија, колку е најниската, колку е најголемата….
Според августовската статистика, во земјава пензија земаат 336.806 наши сограѓани. Со порастот од 5,3 проценти, просечната септемвриска пензија е 20.072 денари, а во август беше 19.062 денари, што е пораст од 1.010 денари.
Најниска пензија во август била 11.897 денари и ја земале 2.663 пензионери. Нивната пензија сега е зголемена за 630 денари, со што тие земаат 12.527 денари. Највисоката ја земаат 75 пензионери, и таа во август изнесувала 69.803, а во септември се зголемила за 3.699 денари и сега во октомври тие добиваат пензија од 73.502 денари.
Најниска, просечна и највисока пензија за септември
Пензија | Износ во денари | Број на корисници |
---|---|---|
Најниска | 12.527 | 2.663 |
Просечна | 20.072 | 336.806 |
Максимална | 73.502 | 75 |
Број на корисници за август
СЕКОЈ ЧЕТВРИ ПЕНЗИОНЕР ЗЕМАЛ ПЕНЗИЈА ДО 16.058 ДЕНАРИ
Фондот за ПИОМ води статистика и за најниските и за највисоките пензии. Износот не е еден ни за минималната, ни за максималната пензија и зависи од тоа кога кој отишол во пензија, затоа што важеле различни услови и пресметки за пензиите. Така, најнискиот износ меѓу најниските пензии (12.527 денари) се однесува на третата група пензионери, кои оствариле право за пензија по први јануари 1997 година. Значи, тие најлошо поминале. Ако веќе некој има минимална пензија, најдобро е да го остварил правото до 31.12.1996 година. И таму има три групи пензионери со минимални пензии, а нивните износи со септемвриското зголемување се: 15.330 денари, 15.791 денар и 16.058 денари. Сите останати се со оствареното право по 1 јануари 2002 година, а трите групи минимална пензија се: 13.155 денари, 13.917 денари и 14.679 денари.
Според податоците на ПИОМ во сите овие групи на минимална пензија се наоѓаат дури 85.256 пензионери, што е 25,3 проценти од сите корисници на пензии, односно секој четврти пензионер.
Остварено право до | * | * | * |
---|---|---|---|
31-12-1996 год. | Број | Структура | Износ |
I Група | 1.000 | 11,53% | 16.058 |
II Група | 2.112 | 24,35% | 15.791 |
III Група | 5.560 | 64,11% | 15.330 |
Вкупно | 8.672 | 100% | - |
Остварено право од | * | * | * |
01.01.1997 год. | Број | Структура | Износ |
I Група | 322 | 8,65% | 13.981 |
II Група | 739 | 19,84% | 13.255 |
III Група | 2.663 | 71,51% | 12.527 |
Вкупно | 3.724 | 100% | - |
Остварено право од | * | * | * |
01-01-2002 год. | Број | Структура | Износ |
I Група | 6.494 | 8,91% | 14.679 |
II Група | 18.360 | 25,20% | 13.917 |
III Група | 48.006 | 65,89% | 13.155 |
Вкупно | 72.860 | 100% | - |
Вкупно по групи | 85.256 | - | - |
Извор: Фонд за ПИОМ податоци за август, со пресметан раст во септември од страна на „Пари“
НАД 800 ЕВРА ЗЕМААТ 1.512 КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИИ
Во повеќе групи, исто така зависно од оствареното право за пензија, се и корисниците на највисоките пензии, а тие, според нашите пресметки, се во распон од 50.864 денари за оние со остварено право од 1 јануари 1997, до 73.502 денари за тие кои тоа право го оствариле од 1 јануари 2022, но веќе наредната година, односно од први јануари 2023 максималниот износ на пензија е помал и изнесува 70.143 денари.
Како што е познато, некој може да има и 100.000 евра плата, но на целиот износ не може да се плаќа придонесот и затоа има максимални пензии. Во ралични периоди имало различни лимити, а максималниот лимит на кој може сега да се плаќаат придонеси се 16 просечни плати.
Максимални пензии за септември
Остварено право | денари | Вкупно |
---|---|---|
Остварено право до 31.12.1996 | 54.287 денари | 74 |
Остварено право од 01.01.1997 | 50.864 денари | 97 |
Остварено право од 01.01.2002 | 52.987 денари | 917 |
Остварено право од 01.01.2016 | 66.588 денари | 41 |
Остварено право од 01.01.2017 | 66.182 денари | 43 |
Остварено право од 01.01.2018 | 66.020 денари | 50 |
Остварено право од 01.01.2019 | 67.885 денари | 54 |
Остварено право од 01.01.2020 | 68.977 денари | 76 |
Остварено право од 01.01.2021 | 72.746 денари | 66 |
Остварено право од 01.01.2022 | 73.503 денари | 75 |
Остварено право од 01.01.2023 | 70.143 денари | 39 |
В К У П Н О | 1532 |
Извор: Фонд за ПИОМ – податоци за август, со пресметан раст во септември од страна на „Пари“
K.A.