ПОВЕЌЕ

    Најголемо покачување на просечна плата за една година е 114,2%, а еве кој се офајдил

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 110.1. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2021 година, изнесува 28 438 денари.

    Сепак доколку подетално се разгледаат бројките може да се види дека најголем раст на просечната нето плата имале вработените во дејноста рентање и лизинг од 114,2 проценти. Нивната просечна плата во април годинава изнесува 48.592 денари.

    Вработените во филмската индустрија се следни на списокот кои што добиле зголемување на платите. Во овој сектор нето просечната плата во април изнесувала 29.227 денари и е зголемена за една година за 56,8 проценти.

    Еве ги останатите дејности каде што статистика забележала зголемување на платите: преработка на дрво 21.175 или во однос на април лани раст за 30,4%, дејности на коцкање каде просечната нето плата е 22.304 во април и бележи раст во однос на истиот месец 2020 од 33,6 проценти. Раст има и кај производство на мотори 23.881 денари пораст од отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично