Од наесен се очекува да биде отворен најголемиот трговски на Балканот лоциран во Скопје, “Ист Гејт Мол”.
Инвестицијата изнесува повеќе од 350 милиони евра. Комплексот се простира на 500 илјади метри квадратни, а ќе содржи и станбени и деловни згради.
Во посета на новиот трговски на чија изградба и денес се работеше, заедно со неколку министри беше премиерот, Зоран Заев.
„Ми претставува чест и задоволство што сме првите посетители на ‘Ист Гејт Мол’ во Скопје. Можам да кажам дека ова ќе прерасне во најмодерниот трговски центар на Балканот.„Градот со овој трговски центар добива модерен линк, и станува атрактивно место за посета. Да се видиме есента на отворањето на овој грандиозен објект“, рече премиерот Заев.
Во својот понуда, а за радост на љубителите на шопингот “Ист Гејт Мол” ќе содржи 250 меѓународни и локални брендови. Меѓу нив веќе познатите Масимо Дјути, Зара, Бершка…Не се открива дали ќе има и брендови кои досега не биле присутни кај нас.