ПОВЕЌЕ

    НАЈГОЛЕМИОТ КАПИТАЛ СЕ ВРАБОТЕНИТЕ: НЛБ Банка „Најпосакуван работодавач“ за 2022

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ и официјално е најпривлечната банка за вработување во државата. Признанието „Најпосакуван работодавач“ за 2022 година и го донесоа гласовите на граѓаните кои биле дел од јавната анкта на веб порталот вработување.ком.мк

    Амбиентот во кој се минува работното време е од голема важност, а Банката на тоа поле се потврдила и важи за колектив каде што се води сметка за човечкиот потенцијал. Притоа, се води сметка за амбициите на вработените, кои добиваат можност за развој и напредок на знаењата и на кариерата.

    Од НЛБ Банка посочуваат дека нивниот најголем капитал се вработените.

    Постојано инвестираме во проекти кои ја покажуваат грижата за нашите луѓе и нивните семејства, и проекти кои поттикнуваат ангажираност, развој и лична исполнетост. Се трудиме да воспоставиме соодветна рамнотежа помеѓу професионалните и приватните обврски, обезбедуваме флексибилна работна средина во однос на локацијата, времето и работното место и низа други бенефити што нѐ издвојуваат од другите. Благодарност до сите оние кои го препознааа сето ова и ни ја укажаа довербата, издвојувајќи нѐ како најпосакуван работодавач меѓу банките на пазарот”, нагласи осврнувајќи се на последнава награда Бранко Грегановиќ, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка

    Признанијата беа доделени во рамки на настанот „Работодавач на годината“, на кој беа прогласени најпосакуваните компании за работа во одделни категории.

    За својот однос и кон вработените и кон клиентите, а сето тоа поврзано со начинот на работење и професионалното ниво, НЛБ Банка почнувајќи од 2002, секоја година добива награди и признанија. Од интернационалниот финансиски магазин The Banke 11 пати беше прогласувана за „Банка на годината“. Признанија има и од Euromoney, од Македонската берза, од Македонската асоцијација за човечки ресурси, од финансискиот магазин ЕМЕА…

    Впрочем, НЛБ Банка е во редот на водечките финансиски институции во Македнија, која постигнува врвни резултати со квалитетна понуда и услуги до кои клиентите најчесто доаѓаат преку комуникацијата со вработените.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично