63.174 денари нето плата примале вработените во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности .
Овие податоци се однесуваат за март 2020 година, а ги објави Државниот завод за статистика. Вработените во овој сектор имаат највисоки плати. Состојбата е иста со квартали наназад. Просечната плата во март годинава изнесувала 26.422 денари, или за 7,4 отсто повисока од истиот месец во 2019 година.
Овие податоци денеска ги објави Државниот завод за статистика. Растот е поради зголемувањето на просечната плата за вработените во образованието, за 12,2 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, каде растот е 11,2 отсто и кај преработувачка индустрија каде просечната плата се зголемила за 9,8 отсто во споредба со март, 2019 година.
Но, се намалиле платите на вработените во секторите објекти за сместување и сервисни дејности со храна, за 15,6 отсто, уметност, забава и рекреација, за 15,4 отсто. Пад има и кај платите во секторот стручни, научни и технички дејности, каде намалувањето е за 9,9 отсто.
Македонскиот работник во просек зема 430 евра, а за споредба во Хрватска просекот е 886 евра. Во март во некои сектори имало раст, а во други намалување на платите.