ПОВЕЌЕ

    НАЈГОЛЕМ САЈБЕР-ШОК ДОСЕГА: 16 милијарди лозинки достапни за хакери

    Време зa читање: 2 минути

    Светот на сајбер-безбедноста е повторно потресен: според истражувачите од Cybernews, во една од најмасовните компромитации на податоци досега се откриени над 16 милијарди лозинки на корисници за најавување. Овие податоци, според експертите, „ги отвораат вратите за речиси секоја можна онлајн услуга“ – од Apple, Facebook и Google, до GitHub, Telegram, па дури и владини портали.

    „Ова не е само протекување – ова е план за масовна експлоатација“, предупредуваат истражувачите. Сајбер-криминалците добиваат невиден пристап до лични податоци што може да се искористат за преземање на сметки, кражба на идентитет и прецизно насочени фишинг напади.

    За жал, според Cybernews, невозможно е со сигурност да се каже колку сметки биле директно погодени. Иако некои медиуми тврдат дека се откриени лозинки од Facebook, Google и Apple, истражувачот Боб Дијаченко вели дека немало централизирано пробивање во овие компании. Сепак, во логовите на крадците биле пронајдени URL-адреси што водат до нивните страници за најавување – што значи дека потенцијално може да се злоупотребат постоечки сметки.

    Но, дали треба ли да ја смени лозинката? Одговорот на ова прашање е едноставен: Да – како мерка на претпазливост. Cybernews советува корисниците да ги менуваат лозинките редовно и да не ги користат истите комбинации на повеќе платформи. Иако експертите имаат поделени мислења за тоа колку често треба да се менуваат лозинките, сите се согласуваат дека тоа мора да се направи ако се сомневате во пробивање.

    Агенцијата за сајбер-безбедност и инфраструктура препорачува лозинки од најмалку 16 знаци, кои вклучуваат големи и мали букви, броеви и симболи. Лозинките треба да бидат уникатни за секоја сметка, а уште подобро е да се користи менаџер за лозинки.

    Дополнително, Cybernews апелира до корисниците да овозможат повеќефакторска автентикација (2FA) каде што е можно. Овој дополнителен слој на заштита може да спречи пристап дури и ако вашата лозинка била компромитирана.

    „Доколку видите необични најавувања, известувања или активности на вашите профили, веднаш контактирајте ја корисничката поддршка на соодветната услуга. Истовремено, проверете дали сте жртва на малициозен софтвер и скенирајте ги вашите уреди“, велат од Cybernews.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично