ПОВЕЌЕ

    Најголем поврат на ДДВ кон фирмите во 2020

    Време зa читање: 2 минути

    Во 2020 година, по основ на поврат на ДДВ кон фирмите, во стопанството се слеале 397,4 милиони евра. Во година, каде целото стопанство, а и светот крвавеше од пандемијата, има најголем поврат на ДДВ, скоро 34% од бруто наплатениот данок на додадена вредност.

    Ако минатата година е извршен поврат на 397,4 милиони евра, во 2019 година повратот изнесувал 403,9 милиони евра, во 2018 од 375,8 милиони евра, во 2017 година 315 милиони евра, во 2016 280 милиони евра и во 2015 година 283,5 милиони евра. Редовниот и навремен поврат на ДДВ кон фирмите е од големо значење за ликвидноста во стопанството, особено во време на криза кога пристапот до средства е ограничен – велат од Финансии

    Доколку се споредат годините наназад, процентите изгледаат вака: во 2019 година извршен е поврат од 32%, во 2018 од 31%, во 2017 од 28%, во 2016 од 26% и во 2015 година од 28%.

    Доколку се гледа во апсолутен износ, минатата година и покрај кризата, инјектирана е висока сума на средства по основ на поврат на ДДВ кон фирмите во споредба со претходните години.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично