Традиционално, по повод „Светскиот ден на штедењето – 31 октомври“, во организација на Македонската банкарска асоцијација, признание за постигнати особени резултати во нивната работа добија 33 службеници од 13 банки, 2 штедилници, Клириншката куќа КИБС АД и Македонското кредитно биро.
Наградените службеници добија пофални зборови и признанија за нивната посветена работа и остварени резултати во текот на годината.
ПроКредит банка АД Скопје им додели признанија за „Најдобар банкарски службеник” на:
- Христијан Стојановски
- Валентина Спасеска Переска