Традиционалниот настан по повод „Светскиот ден на штедењето“ и оваа година беше организиран од страна на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Фондот за осигурување на депозити и комерцијалните банки.
Најдобрите службеници од банките и финансиските институции за 2020 година беа прогласени на виртуелен настан на кој високи претставници од финансискиот сектор им упатија честитки и пофалби за покажаниот успех и резултати во работењето.
Им честитаме на нашите колеги за признанијата „Најдобар банкарски службеник”, кои во време на пандемија грижата за клиентите и одговарање на нивните потреби ја ставија на прво место.
Мимоза Каса Јашари, Шалтерски работник во Експозитурата во Тетово;
Катерина Тошевска, Референт за население во Експозитурата во Прилеп;
Горан Крумов, Референт за компании во Експозитурата во Струмица.