Семејството Ротенберг е повторно најбогато семејство во Русија шест години по ред.
Најистакната фигура на ова семејство е Аркадиј Ротенберг, градежен милијардер, кој е познат и како близок пријател на рускиот претседател.
Нивното богатство се проценува на 5,45 милијарди долари и се зголеми во текот на минатата година за 270 милиони долари, пред се благодарение на соработката и продажбата на една од компаниите на „Гаспром“ за 75 милијарди долари.
Ова семејство веќе беше на врвот на оваа листа во 2014 година, а тогаш нивното богатство беше 100 милиони долари поголемо од денес.
На второ место е семејството Гуриев, сопственици на компанијата „Фосагро“, со 5,1 милијарди долари.
Тие се на списокот за прв пат оваа година.
Поранешните лидери на оваа листа, семејството Гучерјев, сега се спуштија на третото место со 3,2 милијарди долари, што е за 2,45 милијарди помалку од лани.
Ова беше под влијание на кризата предизвикана од корона вирусот, поради што бројни проекти за недвижнини значително ја изгубија својата вредност, а нивната компанија „Руснефт“ е исто така слабо рангирана.
По него следува семејството Шаимиев, која има удел во групата ТАИФ (нафтен сектор, хемиска индустрија). Станува збор за семејството на поранешниот претседател на Татарстан, Минтимир Шаимиев, чии синови се најбогатите бизнисмени во таа република, пренесува Спутник.
Според „Форбс“, богатството на десетте најбогати семејства во Русија се зголемило за 1,5 милијарди долари и сега изнесува 26,8 милијарди.