ПОВЕЌЕ

    Најбараните производи по ниски цени – Владата ќе ја промовира новогодишната потрошувачка кошница

    Време зa читање: 2 минути

    Месо, сувомесни, пијалаци и какви сѐ производи ќе содржи новогодишната владина кошница ќе се знае денес. Извесно е дека ќе е многу побогата од есенската, бидејќи треба да опфати повеќе од 600 намирници кои најмногу се купуваат во овој период.

    Како што соопштија од владината прес-служба, денес премиерот Христијан Мицкоски ќе има состанок со претставниците на стопанските комори „во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка, која се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците, кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени“. Потоа, на прес-конференција на јавноста ќе и ја презентира содржината на кошничката.

    И оваа како и претходните, есенска и училишна, се пакува со цел да се зауздаат цените. Есенската кошница имаше 73 производи со маржи ограничени на нивото до 10 проценти, но не даде големи резултати. Така тврдеа потрошувачите, но и одделни експерти, а и министерката за финансии се изјасни дека не е за овој вид мерки. Наспроти нив, оценката од Министерството за економија, кое ги подготвува кошниците, беше дека едно семејство имало месечна заштеда до 1.360 денари, зависно од тоа како се хранеле и каде купувале.

    Инаку, тогаш и министерот за економија, Бесар Дурмиши, го потврди и согледувањето на граѓаните, дека одделни намирници од есенската кошница воопшто не поевтинеле, или тоа било нешто минимално.

    Од ССМ постојано нагласуваат дека трговците ги креваат цените пред да стапи во сила една ваква мерка, што го намалува посакуваниот ефект.

    Од опозициската СДСМ, пак, и денес посочуваат: „Вистинската мерка која ќе донесе реална корист за граѓаните и реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично