ПОВЕЌЕ

    Нафтениот гигант Saudi Aramco продава исламски обврзници деноминирани во долар

    Време зa читање: 2 минути

    Нафтениот гигант Saudi Aramco започна со продажба на своите први исламски обврзници (сукук), деноминирани во долари.

    Најголемата светска енергетска компанија се реши на тој чекор со цел да собере пари за исплата на дивиденда во износ од 75 милијарди долари.

    Според извештајот на саудиската новинска агенција, продажбата на сукукот или исламските обврзници, во согласност со шеријатот, ќе заврши на 17 јуни.

    Агенцијата не прецизираше колку пари сака да собере Saudi Aramco.

    Компанијата нуди сукук со рок на достасување од три, пет и 10 години, соопштија неименувани извори упатени во проблематиката со њујоршката агенција „Блумберг“.

    Продажбата на доларски сукукови доаѓа по две претходни емисии на обични обврзници, од кои првата во вредност од 12 милијарди долари, која беше организирана во 2019 година, а втората од 8,0 милијарди долари во ноември минатата година.

    Saudi Aramco, најголемата енергетска компанија во светот, вети дека ќе исплати дивиденда во обид да ги генерира интересите на инвеститорите за своето деби на саудиската берза во декември 2019 година.

    Сепак, компанијата мораше да ги намали трошоците, вработените и да продаде други средства бидејќи пандемијата со ковид и минатогодишните мерки за затворање на економиите низ целиот свет ја намалија побарувачката за нафта, кој е главен извор на приход за ова кралство.

    Приходите од нафтата на „Арамко“ сочинуваат околу 40 проценти од бруто домашниот производ на Саудиска Арабија, а неодамнешниот пораст на цените на суровата нафта може да го зголеми тој удел уште повеќе, велат аналитичарите на „Блумберг интелигенција“.

    Плановите на кралството за да се намали зависноста од Saudi Aramco ќе останат во искушение поради големиот фискален дефицит, додаваат тие.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично