
Царинската управа е координатор на проектот „Национален едношалтерски систем“, чија цел е целосно поедноставување и забрзување на царинските процедури преку вмрежување на 17 државни институции во еден систем. Проектот е вреден 6,3 милиони евра, финансиран со европски средства и со рок на имплементација до 2027 година. Според податоците, на граничните премини дневно влегуваат и до 500 камиони, а само влезот во царински терминал одзема пет до шест минути по возило, додека целокупното царинење знае да трае од 45 минути за излез до три часа за влез. Со новиот систем, овој процес ќе се скрати драстично. Деталите ги објасни директорот на Царинската управа Бобан Николовски во поткастот „Каде се парите?“.
„Тие што издаваат лиценци, што издаваат дозволи, фирми, податоци, сите тие фирми ќе се во еден круг. Со едно кликање на копче, електронски, ќе можат да поднесат барање, да го платат барањето доколку има такса за него со истото кликање. И во исто време да добијат одговор дека имаат издадено барање за тоа, имаат лиценца добиено, немаат лиценца, одбиени се, не се одбиени. Тоа се гледа во рамките на сите институции и тоа многу ќе ја забрза целата процедура, хартијата оди во заборав, шетање по институции оди во заборав, брзината, значи ова што го зборуваме, брзината ќе биде на едно многу, многу повисоко ниво и мислам дека ова ќе биде револуционерен проект.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








