ПОВЕЌЕ

    На Загребската берза и е одобрено стекнување до 30% од акциите на Македонската берза

    Време зa читање: 2 минути

    Загрепската берза објави дека поседува 476 акции, што е 17,05 отсто од акциите на Македонската берза, откако во петокот купи уште 199 обични акции, што претставува 7,13 отсто од нејзиниот акционерски капитал.

    Трансакцијата е целосно финансирана од сопствени средства на берзата, се вели во соопштението на Загрепската берза. Ниту еден продавач не е именуван ниту е откриена вредноста на договорот.

    Пред трансакцијата, Загрепската берза поседуваше 277 акции, или 9,92 отсто од капиталот на Македонска берза.

    Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија (КХВ) во средата објави дека го одобрила барањето на Загрепската берза за зголемување на уделот во МСЕ на 30%.

    Загребската берза која веќе беше акционер во Македонска берза и лани се обиде да го зголеми своето учество, но на јавна берзанска аукција не успеа да ги купи 10% акции во сопственост на Еуростандард банка во стечај. Експертите кои ги консултираше Пари сметаат дека придобивките од интеграцијата на нашата берза со берза од земја членка од ЕУ навистина би биле значајни, бидејќи само така македонскиот пазар ќе има поголема видливост, а инвеститорите и компаниите ќе добијат поголеми можности и за вложување и за прибирање капитал.

    Еве што во интерјуто за порталот Пари објавено во април годинава вели Главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев за Загребската берза:

    „Интегрирањето во некоја поголема берзанска групација е повеќегодишно настојување на Македонска берза како одговор на лимитираните автономни фактори за поекспанзивен развој и потребата од посеопфатен know-how и бизнис networking. Поради ова, и нашите акционери одлучија во Одборот на директори да имаме и претставник на Загребската берза

    Што се однесува до тековната соработка со берзата од Загреб – таа е на завидно ниво во повеќе области почнувајќи од проектите во рамките на СЕЕ ЛИНК преку crowdfunding платформата Funderbeam до заедничка понуда на едукациски обуки. За очекување е поголема координација на билатералните активности на двете берзи и отворање на нови развојни проекти да се интензивираат со евентуалното дополнително зголемување на сопственичкото учество на берзата од Загреб. Кога тоа ќе се случи навистина не може да се прогнозира”, посочи тогаш Штериев.

    Инаку, Загрепската берза ја купи и Љубљанската берза во 2015 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично