ПОВЕЌЕ

    На Светскиот ден на пензионерите – во Македонија се протестира за 3.500 денари

    Време зa читање: 3 минути

    На Светскиот ден на пензионерите – протест на пензионерите во Скопје, втор во главниот град и еден од низата во речиси секојдневните манифестации на незадоволството во текот на изминатите речиси два месеци.

    Пензионерите кои се пред Владата реагираат дека не можат да чекаат и не допуштаат власта да купува време. Сакаат веднаш – линеарно зголемување на пензиите за 3500 денари. За сите, од оние замјоделските како најниски без конкуренција, па се до највисоките. А, потоа да се одлучува за минималната која не смее да е пониска од 18 илјади денари, како и за другите нивни барања поврзани со здравствените услуги и лековите.

    Се огласи и Пензионерскиот синдикат, од каде што освен честитка за Денот на пензионерите, се укажува и на нивниот статус и стандард во македонското општество.

    „Уште од своето основање Пензионерскиот синдикат се залага за подобрување на социо-економскиот статус на пензионерите во Македонија и во тој поглед барањето да се изврши нивелирање на пензиите со едно линеарно услогласување го смета за оправдано и потребно.

    Сметаме дека ова нивелирање на пензиите е првата работа која треба да се направи, за потоа да се усогласат останатите пензии согласно порастот на минималната пензија“, наведено е во соопштението.

    Системското решение за усогласувањето на пензиите со порастот на цените и на просечната плата го сметаат за добро, но укажуваат на кое ниво треба да се утврди минималното месечно пензионерско примање.

    „Сметаме дека измената на член 37 од законот за ПИО согласно кој усогласувањето на пензиите се прави врз основа на движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50% е добра основа за понатамошно усогласување на пензиите.

    Пензионерскиот синдикат со своето членување во ФЕРПА (Европската федерација на пензионери и стари лица) со седуште во Брисел, согледа дека во одредени земји минималната пензија е поставена на 45% од нето исплатена просечна плата и се злага тоа да биде пракса и кај нас.

    Согласно податоците од ДЗС и ПИОМ за јуни минималната пензија изнесува 34% (12.493 ден.) од просечната нето исплатена плата, а доколку биде 45% таа би изнесувала 16.437 денари.

    Просечната пензија која во овој момент е помала од минималната плата (19.106 ден.) предлагаме да биде 60% од просечна нето исплатена плата, односно да изнесува 21.916 денари“, предлагаат од Пензионерскиот синдикат.

    Воедно, изразуваат надеж дека ќе успеат во напорите за постигнување подобар стандард на сите пензионери.

    Конкретни предлози се очекуваат до крајот на месецов, најави неодамна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, кои треба да произлезат од работната група која редовно се состанува. Во преден план се пензионерите со ниски месечни примања. Но, како што често нагласува, Тренчевска, треба да се води сметка и за можностите на Фондот.

    Според поседната јулска статистика на ПИОМ, во државата има 336.107 пензионери. Доклоку се прифати барањето за линерака од по 3.500 денари, тоа би значело дека треба да се обезбедат дополнителни 19 милиони евра месечно, или близу 230 милиони евра на годишно ниво.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично